Kirjakovski.mk
Замките на дигиталната технологија во учењето

Замките на дигиталната технологија во учењето

Зуењето околу најавените дигитални учебници во образованието не стивнува. Сѐ уште за жал, наместо да се води искрена, суштинска и научна дебата околу квалитетот на образованието на децата и младите, наместо да се носат одлуки врз основа на проверени научни факти и податоци (evidence-based decision making), до овој момент министерката Мила Царовска нема слух за независната научна јавност и продолжува да симулира квазидебата со повторувањето на разноразните општи флоскули и „шарени стакленца“, притоа своеглаво терајќи си со „реформите“....

октомври 14, 2021
Дигитални реформи со аналогни последици по децата и младите

Дигитални реформи со аналогни последици по децата и младите

Кога ќе прочиташ соопштение од Владата на Република Македонија кое почнува со популизам од типот „Реакциите на јавноста дека во училиштата се применуваат парталави учебници кои имаат застарена и несоодветна содржина, многу технички и граматички грешки, нелогичности и дискриминација, стануваат минато“ – веднаш знаеш дека „рибата смрди од опашката“. Кога ќе прочиташ и друго соопштение каде првата реченица демагошки гласи „Ако до вчера на тема учебници дискутиравме за криминал, корупција и штетни договори, јас сум среќна што денеска дискутираме за [sic] исклучиво за квалитетот на учебниците“ – тогаш нема сомнеж дека станува збор за „неодговорна и тешка, геостратешка грешка“....

октомври 7, 2021
Гешталт принципи на организација во визуелната перцепција

Гешталт принципи на организација во визуелната перцепција

Во афричка савана, набљудуваме четири долги и елегантни нозе, кафеавкасти петна кои се протегаат по должината на најдолгиот врат во природата, на чиј врв се наоѓа долгнавеста глава со пар тенки уши, врз која има две рогчиња во форма на четки. Не е тешко да се заклучи дека животното кое полека џвака трева и мрзеливо гледа кон нас, е всушност – жирафа. Она што не е лесно да се заклучи е тоа како му успева на нашиот визуелен систем да ја препознае таа колекција на поединечни елементи, да ги групира и организира во еден заеднички перцепт на ова животно....

декември 5, 2020
Струп ефект: кога неважниот дел од стимулот не може да се игнорира

Струп ефект: кога неважниот дел од стимулот не може да се игнорира

Замислете дека се наоѓате во концертна сала и оркестарот го свири познатиот концерт за виолина на Вивалди — „Четири годишни времиња“. „Пролетта“ завршила пред точно два става, а штотуку започнува феноменалното и брзо престо — последниот музички став од „летото“. Удобно се сместувате во седиштето и со уживање ја слушате виртуозната изведба на водечката виолина. Наеднаш, нечиј мобилен телефон наметливо заѕвонува и прекрасната мелодија од подиумот ја пробива пискавиот и монотон звук на ѕвонењето....

ноември 23, 2020