Kirjakovski.mk
Фобии, ривалство, гадење, сексуален фетишизам и маркетинг: Павловото условување во пракса

Фобии, ривалство, гадење, сексуален фетишизам и маркетинг: Павловото условување во пракса

Се сеќавате ли на малиот Зоки од претходниот напис? Палавкото по третото одење на заболекар разви силна одбивност кон белите мантили (условна дразба) затоа што почна да ги асоцира со болката (безусловна реакција) предизвикана од бушењето на дупчалката (безусловна дразба). Колку и да делува нерационално неговата фобија, наученото создавање на врски помеѓу стимулациите од средината игра исклучително важна улога во преживувањето на организмот. Суштината на асоцијативното учење во кое спаѓа и Павловото условување е да го подготви организмот оптимално да реагира на состојбите во средината и по можност да ги предвиди идните настани врз база на минататото искуство....

ноември 28, 2021