Kirjakovski.mk
Струп ефект: кога неважниот дел од стимулот не може да се игнорира

Струп ефект: кога неважниот дел од стимулот не може да се игнорира

Замислете дека се наоѓате во концертна сала и оркестарот го свири познатиот концерт за виолина на Вивалди — „Четири годишни времиња“. „Пролетта“ завршила пред точно два става, а штотуку започнува феноменалното и брзо престо — последниот музички став од „летото“. Удобно се сместувате во седиштето и со уживање ја слушате виртуозната изведба на водечката виолина. Наеднаш, нечиј мобилен телефон наметливо заѕвонува и прекрасната мелодија од подиумот ја пробива пискавиот и монотон звук на ѕвонењето....

ноември 23, 2020
Научниот стерилитет во Македонија

Научниот стерилитет во Македонија

Медицинскиот стерилитет се дијагностицира кога една двојка не може да зачне потомство во рок од една година, се разбира, без употреба на контрацептивни средства. Македонскиот научен стерилитет е состојба во која земјата и после скоро триесет години независност не произвела повеќе од две меѓународно признаени научни списанија со фактор на влијание. Факторот се дефинира како просечен број на цитирани документи во едно списание за дадена година, пресметан врз основа на бројот на објавени документи во тоа списание во претходните две години (математичкиот израз на дефиницијата може да го видите во додатокот на самиот крај од статијава)....

октомври 2, 2020
Демократијата и јавното мислење

Демократијата и јавното мислење

Јавното мислење е една од формите на изразување кои станаа карактеристични за ХХ век со појавата на медиумите и нивното вклучување во политичкиот живот. Клучниот концепт за постоењето на јавното мислење е демократијата и нејзините начела и принципи. Поврзаноста на овие два ентитета во една целина е битен процес кој ги движи денешните човечки општества. Почетоците на јавното мислење како изразна и детерминирачка форма датираат уште од Римското време и правно-политичкиот поредок во периодот на Римската империја....

септември 13, 2020
Дали јапонскиот јазик е тежок?

Дали јапонскиот јазик е тежок?

Јапонскиот јазик е прилично интересен. Пишаната форма на јапонскиот јазик се состои од традиционалните кинески знаци наречени КАНЏИ (漢字 KANJI) кои пред околу 1500 години се превземени од кинеската цивилизација и фонетските знаци на гласовниот јапонски – ХИРАГАНА (ひらがな HIRAGANA) и КАТАКАНА (カタカナ KATAKANA). Сите три пишани симболички системи се пишуваат комбинирано и поврзано, такашто ХИРАГАНАта напишана после КАНЏИ знаците обично одредува глаголски форми, а КАТАКАНАта се користи за странски зборови и изрази....

август 12, 2020
Јапонските џиновски стршлени

Јапонските џиновски стршлени

Со секоја нова генерација, предаторите еволуираат и стануваат подобри во тоа што се најдобри – ловењето. Од друга страна, пленот станува поспособен да се брани и преживува. Балансираната ко-еволуција се јавува кога два вида се наоѓаат на исто поднебје и имаат доволно време да развијат стабилни стратегии едни кон други. Понекогаш овој баланс е нарушен, најчесто поради наглото појавување на нов вид во областа и недостатокот од време за адаптација, било да се работи за новодојдениот вид или видовите кои веќе станале автохтони....

август 10, 2020