Kirjakovski.mk
Замките на дигиталната технологија во учењето

Замките на дигиталната технологија во учењето

Зуењето околу најавените дигитални учебници во образованието не стивнува. Сѐ уште за жал, наместо да се води искрена, суштинска и научна дебата околу квалитетот на образованието на децата и младите, наместо да се носат одлуки врз основа на проверени научни факти и податоци (evidence-based decision making), до овој момент министерката Мила Царовска нема слух за независната научна јавност и продолжува да симулира квазидебата со повторувањето на разноразните општи флоскули и „шарени стакленца“, притоа своеглаво терајќи си со „реформите“....

октомври 14, 2021
Дигитални реформи со аналогни последици по децата и младите

Дигитални реформи со аналогни последици по децата и младите

Кога ќе прочиташ соопштение од Владата на Република Македонија кое почнува со популизам од типот „Реакциите на јавноста дека во училиштата се применуваат парталави учебници кои имаат застарена и несоодветна содржина, многу технички и граматички грешки, нелогичности и дискриминација, стануваат минато“ – веднаш знаеш дека „рибата смрди од опашката“. Кога ќе прочиташ и друго соопштение каде првата реченица демагошки гласи „Ако до вчера на тема учебници дискутиравме за криминал, корупција и штетни договори, јас сум среќна што денеска дискутираме за [sic] исклучиво за квалитетот на учебниците“ – тогаш нема сомнеж дека станува збор за „неодговорна и тешка, геостратешка грешка“....

октомври 7, 2021