Дали навистина сме беспомошни?

Во 1967 година еден млад постдипломец шета низ темните и долги ходници на Универзитетот во Пенсилванија. Додека неговите чекори одекнуваат низ мермерното ехо, Мартин Селигман размислува за тоа зошто некои од неговите колеги честопати се пасивни, демотивирани, зошто лесно се откажуваат дури и од решавањето на наједноставните задачи и предизвици, зошто постојано се жалат како ништо не им оди од рака и како не можат да си ја променат „судбината“.

Повеќе...

Sвонче, месо и плунка: Павлово условување

— Абе каци бе тиии? — прашува заболекарот милно гледајќи во малиот Зоки. Крајно пријателскиот однос на докторот се должи на тоа што Зоки веќе по трет пат се наоѓа во истата ординација, довлечкан од своите родители за да му ги поправат запчињата. Иако сите околу него се насмеани и крајно мотивирачки, секогаш палавиот Зоки сега е сосема тивок, уплашен и со насолзени очи. Со самото здогледување на белиот мантил на заболекарот, знае што следува: дупчалка и непријатна болка.

Повеќе...

Текот на спомените: Аткинсон-Шифрин модел на меморијата

Сребрен џип од марката Volkswagen Touareg брзо ги минува километрите на автопатот кај местото Нова Градишка во Република Хрватска рано утрото на 16 октомври, 2007 година. На совозачкото место седи Тоше Проески, македонскиот пејач со волшебен глас, зад него, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓе Георгиевски — негов пријател. Тивко е во возилото додека Тоше сè уште спие и го сонува својот утрински сон. Повеќе никогаш нема да се разбуди од него.

Повеќе...

Гешталт принципи на организација во визуелната перцепција

Во афричка савана, набљудуваме четири долги и елегантни нозе, кафеавкасти петна кои се протегаат по должината на најдолгиот врат во природата, на чиј врв се наоѓа долгнавеста глава со пар тенки уши, врз која има две рогчиња во форма на четки. Не е тешко да се заклучи дека животното кое полека џвака трева и мрзеливо гледа кон нас, е всушност – жирафа. Она што не е лесно да се заклучи е тоа како му успева на нашиот визуелен систем да ја препознае таа колекција на поединечни елементи, да ги групира и организира во еден заеднички перцепт на ова животно.

Повеќе...

Да бидеме реални за реалноста: сензација, перцепција, когниција

„Да видам, па да поверувам“ е стара изрека која за првпат се среќава во литературата некаде околу средината на 17-от век. Таа денеска се користи на многу јазици во секојдневниот говор, како наслов на новели, филмови, песни, па дури и како име на организации. Во суштина, изреката содржи правило за потврдување на информација која е од сомнително потекло. Потврдувањето се врши преку лично „сведочење“ со помош на сетилата или во овој случај – видот.

Повеќе...

Stroop ефект: кога неважниот дел од стимулот не може да се игнорира

Замислете дека се наоѓате во концертна сала и оркестарот го свири познатиот концерт за виолина на Вивалди — „Четири годишни времиња“. „Пролетта“ завршила пред точно два става, а штотуку започнува феноменалното и брзо престо — последниот музички став од „летото“. Удобно се сместувате во седиштето и со уживање ја слушате виртуозната изведба на водечката виолина. Наеднаш, нечиј мобилен телефон наметливо заѕвонува и прекрасната мелодија од подиумот ја пробива пискавиот и монотон звук на ѕвонењето.

Повеќе...