Текот на спомените: Аткинсон-Шифрин модел на меморијата

Сребрен џип од марката Volkswagen Touareg брзо ги минува километрите на автопатот кај местото Нова Градишка во Република Хрватска рано утрото на 16 октомври, 2007 година. На совозачкото место седи Тоше Проески, македонскиот пејач со волшебен глас, зад него, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓе Георгиевски — негов пријател. Тивко е во возилото додека Тоше сè уште спие и го сонува својот утрински сон. Повеќе никогаш нема да се разбуди од него.

Повеќе...

Гешталт принципи на организација во визуелната перцепција

Во афричка савана, набљудуваме четири долги и елегантни нозе, кафеавкасти петна кои се протегаат по должината на најдолгиот врат во природата, на чиј врв се наоѓа долгнавеста глава со пар тенки уши, врз која има две рогчиња во форма на четки. Не е тешко да се заклучи дека животното кое полека џвака трева и мрзеливо гледа кон нас, е всушност – жирафа. Она што не е лесно да се заклучи е тоа како му успева на нашиот визуелен систем да ја препознае таа колекција на поединечни елементи, да ги групира и организира во еден заеднички перцепт на ова животно.

Повеќе...

Да бидеме реални за реалноста: сензација, перцепција, когниција

„Да видам, па да поверувам“ е стара изрека која за првпат се среќава во литературата некаде околу средината на 17-от век. Таа денеска се користи на многу јазици во секојдневниот говор, како наслов на новели, филмови, песни, па дури и како име на организации. Во суштина, изреката содржи правило за потврдување на информација која е од сомнително потекло. Потврдувањето се врши преку лично „сведочење“ со помош на сетилата или во овој случај – видот.

Повеќе...

菊千代と申します („Кикучијо то мошимасу“) од Pink Martini

Се обидов да ја преведам оваа прекрасна песна од албумот „Hang on Little Tomato“ на Pink Martini. Секако дека песните на оригиналниот јазик звучат „попоетски“, но се надевам дека преводов не е предалечен и успешно ја пренесува таа поетичност. Јапонски (оригинал) 菊千代と申します 白いうなじに揺れていた ナイトクラブの青い火を 抱いて踊ればやさしい肩が なぜか悲しく なぜか悲しく 震えてた 震えてた。 このままでいつまでも 二人過ごした赤坂の 霧のホテルの恋いの夜 燃えたあなたのいとしい頬が いつかさびしく いつかさびしく 濡れていた 濡れていた。 菊千代と申します みんな忘れてお仕事 たった一夜で消えた人 甘くせつない移り香だけど そっと残して そっと残して 霧の中 霧の中。 菊千代と申します。 Транскрипција „Кикучијо то мошимасу“ Широи унаџи ни јурете ита Наито курабу но, аои хи о Даите одореба, јасаши ката га Назека канашику, назека канашику Фуруетета, Фуруетета.

Повеќе...

Stroop ефект: кога неважниот дел од стимулот не може да се игнорира

Замислете дека се наоѓате во концертна сала и оркестарот го свири познатиот концерт за виолина на Вивалди — „Четири годишни времиња“. „Пролетта“ завршила пред точно два става, а штотуку започнува феноменалното и брзо престо — последниот музички став од „летото“. Удобно се сместувате во седиштето и со уживање ја слушате виртуозната изведба на водечката виолина. Наеднаш, нечиј мобилен телефон наметливо заѕвонува и прекрасната мелодија од подиумот ја пробива пискавиот и монотон звук на ѕвонењето.

Повеќе...

Научниот стерилитет во Македонија

Медицинскиот стерилитет се дијагностицира кога една двојка не може да зачне потомство во рок од една година, се разбира, без употреба на контрацептивни средства. Македонскиот научен стерилитет е состојба во која земјата и после скоро триесет години независност не произвела повеќе од две меѓународно признаени научни списанија со фактор на влијание. Факторот се дефинира како просечен број на цитирани документи во едно списание за дадена година, пресметан врз основа на бројот на објавени документи во тоа списание во претходните две години (математичкиот израз на дефиницијата може да го видите во додадокот на самиот крај од статијава).

Повеќе...

Демократијата и јавното мислење

Јавното мислење е една од формите на изразување кои станаа карактеристични за ХХ век со појавата на медиумите и нивното вклучување во политичкиот живот. Клучниот концепт за постоењето на јавното мислење е демократијата и нејзините начела и принципи. Поврзаноста на овие два ентитета во една целина е битен процес кој ги движи денешните човечки општества. Почетоците на јавното мислење како изразна и детерминирачка форма датираат уште од Римското време и правно-политичкиот поредок во периодот на Римската империја.

Повеќе...

Дали јапонскиот јазик е тежок?

Јапонскиот јазик е прилично интересен. Пишаната форма на јапонскиот јазик се состои од традиционалните кинески знаци наречени КАНЏИ (漢字 KANJI) кои пред околу 1500 години се превземени од кинеската цивилизација и фонетските знаци на гласовниот јапонски – ХИРАГАНА (ひらがな HIRAGANA) и КАТАКАНА (カタカナ KATAKANA). Сите три пишани симболички системи се пишуваат комбинирано и поврзано, такашто ХИРАГАНАта напишана после КАНЏИ знаците обично одредува глаголски форми, а КАТАКАНАта се користи за странски зборови и изрази.

Повеќе...

Јапонските џиновски стршлени

Со секоја нова генерација, предаторите еволуираат и стануваат подобри во тоа што се најдобри – ловењето. Од друга страна, пленот станува поспособен да се брани и преживува. Балансираната ко-еволуција се јавува кога два вида се наоѓаат на исто поднебје и имаат доволно време да развијат стабилни стратегии едни кон други. Понекогаш овој баланс е нарушен, најчесто поради наглото појавување на нов вид во областа и недостатокот од време за адаптација, било да се работи за новодојдениот вид или видовите кои веќе станале автохтони.

Повеќе...